Ал Пачино / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ал Пачино повторно љуби? Легендарниот актер е виден со 57 години помлада новинарка!

Холивудскиот актер Ал Пачино (85) наводно повторно љуби по прекинот со 31-годишната Нур Алфалах. Пачино бил забележан на интимна вечера со новинарката Катерина Ди Терлици, која е 57 години помлада од него. Фотографите снимиле неколку интересни моменти од нивната вечера, по што веднаш се појавиле гласини дека актерот е во врска со новинарката.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ал Пачино разменувал бакнежи со Катерина, а вестите за нивната наводна романса згрозиле многумина, токму поради големата разлика во години. Сепак, некои застанале во одбрана на актерот и коментирале: „Па, само вечерале, не мора да значи дека има нешто повеќе“.

Славниот актер пред две години доби син со Нур, кој првично не сакаше да го признае. Меѓутоа, откако ДНК анализата потврди дека детето е негово, тој го прифати татковството. Сепак, не е премногу присутен во животот на детето.

Пачино и претходно најчесто избирал многу помлади партнерки, а истото го направиле и многу други холивудски ѕвезди. Бред Пит е во долга врска со 29 години помладата Инес де Рамон, а Леонардо Дикаприо е познат по тоа што раскинува со девојки штом наполнат 25 години.

„Си најде друг!“: Ал Пачино веќе не е во врска со 54 години помладата девојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот