Фото: Фејсбук

Актерот откри зошто се одлучил на тој чекор: Раде Шербеџија се вакцинираше во Србија

Славниот актер и режисер Раде Шербеџија откри дека во Белград се вакцинирал против коронавирусот.

– Јас тоа го направив во Белград, бидејќи тие не се во Европската унија, така што можат да набават вакцини преку нивните канали, па набавија разни. Тоа одлично го изведоа, така што многу луѓе отидоа таму да се вакцинираат. Одлично го поднесов вакцинирањето. Многу мои пријатели од Сараево отидоа таму да се вакцинираат. Потребно е тоа, не може да се чека. Кој може да го направи тоа, нека го направи. Се надевам дека овие вакцини сега брзо ќе тргнат од ЕУ. Се надевам дека ова лето ќе можеме да го дочекаме помирно и дека ќе можеме да се дружиме. Имам такво чувство – изјави Шербеџија за сараевскиот „Аваз“.

Во последно време, Шербеџија претежно престојува во Истра.

Фото: Фејсбук

– Луѓето се борат, размислуваат за тоа што и како да ги организираат своите животи, и приватно и професионално. Ова е тешко, ако прашувате за нашата професија, сега е најтешкиот период. Бидејќи ние, театарот и филмот, сме такви уметности што зависат од дружењето, луѓето, собирите. Тоа е колективна уметност. Така што, тоа навистина е ужасно и тешко – изјави тој.

Потоа споделил совет за тоа како да продолжиме да се справуваме со оваа ситуација.

– Треба да се биде паметен на некој начин … Треба да бидеме претпазливи, секако, но треба да бидеме паметни на некој начин и да се обидеме да продолжиме во границите на тоа колку можеме и колку ситуацијата ни дозволува да продолжиме нешто со уметничкото делување, инаку сè ќе оди по ѓаволите. Луѓето ќе добијат последици врз нивната психа, ќе се раѓаат нови болести, непријатности – изјави Шербеџија во спомнатото интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот