Гери Бузи - Фото: EPA/PAUL BUCK

Актерот Гери Бузи призна дека сексуално вознемирувал жени: „Не беше случајно допирање“

Актерот Гери Бузи (81), се соочува со обвиненија за сексуално вознемирување жени на настан каде што обожавателите дошле да се сретнат и да разговараат со него, пренесува „Гардијан“.

Она што требало да биде тридневна прослава на филмската легенда се претвори во скандал со несоодветно однесување. Според сведоштвата, Бузи имал несоодветни контакти со неколку жени, од кои четири се осмелиле да поднесат пријави.

Пред неколку години, американските медиуми првпат известија за инцидент што ја потресе филмската и јавната сцена. Гери Бузи беше во фокусот на јавниот инетерс поради обвинувања за сексуално вознемирување на жени на конвенција во Њу Џерси. Сега, во пресрет на изрекувањето на пресудата, познатиот актер се изјасни за виновен во онлајн судска постапка. За време на виртуелното сослушување пред судијката Гвендолин Блу, Бузи експлицитно изјавил: „Не беше случајно допирање“.

Оваа реченица јасно ја потврдува неговата одговорност за физичкиот контакт што бил опишан како вознемирување. Нема многу подетални директни цитати од него во медиумите, бидејќи судските постапки се претежно формални и кратки. Според достапните информации, Бузи се извинил и изразил каење за своето однесување, но тоа не е доволно за да го избрише срамот што го следи.

Против него се поднесени четири обвиненија, од кои две се поврзани со сексуално вознемирување (поточно, несакан физички контакт), едно за обид за криминален сексуален контакт и едно за општо вознемирување.

Бузи е најпознат по улогата на Бади Холи во филмот од 1978 година „Приказната за Бади Холи“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобар глумец. Се појави и во филмовите „Смртоносно оружје“, „Под опсада“ и „Предатор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот