
„Актерките ги враќаат јаглехидратите во исхраната“: На моето тело му се допаѓа нешто во врска со тоа
Голем дел од ѕвездите се големи поборници за здрав начин на живот. Актерките кои се апсолутни авторитети во исхраната „признаа“ дека полека ги менуваат своите навики во исхраната и преминуваат од строго избегнување јаглени хидрати во – умерено и избалансирано прилагодување на потребите на сопственото тело, пишува „Глорија“.
Препорачано
Пандемијата се чини дека ја поттикна дестигматизацијата на јаглехидратите како група на храна. Се чинеше дека целиот свет одеднаш почна да прави леб од кисело тесто, социјалните мрежи буквално беа преплавени со рецепти. Малку по малку, преку „егзотични“ и протеински видови на леб, се чини дека лебот и лебните производи се вратија во нашите животи. Дури и поборниците за здрав начин на живот, вежбање и строги диети признаа дека и тие посегнуваат по јаглехидрати.

Џенифер Анистон со години е апсолутен авторитет во сите прашања поврзани со фитнесот и здравата исхрана, а исто така е и голем поборник за начин на исхрана во која нема место за јаглени хидрати. Но, дури и таа во неодамнешното интервју за „Пипл“ откри дека полека ги менува тие навики.
View this post on Instagram
„Сите се плашат да посегнат по леб. Не се плашам повеќе, се додека е во умерени количини“, рече Џенифер која престанала да биде строга кон себе на 52 години и веќе си дозволува одвреме навреме тестенини или сендвич. „На моето тело му се допаѓа нешто во врска со тоа кога јадам јаглени хидрати, како да ми кажува – ти благодарам, зошто ми го скратуваш тоа задоволство?“, вели актерката.

Друг поборник од ѕвездите за дисциплиниран живот е Гвинет Палтроу која неодамна прозборе за придобивките од лебот. Ѕвездата призна дека за време на карантинот ги прекршила сите принципи што ги следела во исхраната – од пиење седум дена во неделата до правење тестенини и јадење леб.
View this post on Instagram
Истражувањата покажаа дека внесот на премалку јаглени хидрати, може да предизвика скок на хормоните на стресот, да влијае на менструалниот циклус и спиењето, па дури и да предизвика опаѓање на косата. Едно истражување спроведено на тинејџерки кои шест месеци следеле кето диета открило дека дури 45% од нив имале проблеми со менструацијата.
Би било подобро да се консумира храна од групата јаглехидрати кои се полни со растителни влакна и се направени од цели зрна – како `рж, потоа овес, компир, киноа и слично. Најдобро би било сепак да се одбегнува рафинираните шеќери – како што се пекарски производи, пица и бел леб.
Но, понекогаш можете да се почестите со некои слатки колачи, да ги расположите вашиот мозок и тело по напорен ден.