Актерката Силвија Стојановска итно хоспитализирана

Актерката Силвија Стојановска вчера била итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот и за малку избегнала операција.

Информацијата за Женски магазин ја потврдиле од семејството на Стојановска.

Нејзините најблиски рекле дека во моментов нејзината состојба е подобрена.

Пред една година Стојановска беше приведена, поради сомнение дека била дел од мрежа за шверц со дрога.

Позната македонска актерка, Силвија Стојановска на 19 декември минатата година беше приведена и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога, каде и беше одреден 30-деневен домашен притвор.

МВР го објави видеото од заплената на 700 килограми кокаин, каде е вмешана и актерка Стојановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот