Фото: Instagram / trinamcgeeofficial

Актерка од познатата серија од 90-тите откри дека е бремена на 54 години: Ве молам, молете се за…

Трина Мекги, актерката која се прослави со улогата на Анџела Мур во популарната детска серија од 90-тите „Момчето го запознава светот“, го чека четвртото дете на 54-годишна возраст, пренесува „Пејџ сикс“.

„На 54 години открив дека сум бремена. Ве молиме благословете не со вашите молитви за безбедно породување“, напиша актерката на својот профил на Инстаграм, а потоа најави дека ќе паузира малку од социјалните мрежи.

И додека во коментарите, секако, имаше честитки, имаше и такви кои беа изненадени од годините на Трина.

„54!? Мислам, честитки, да, но како си 54!?“; „54!? Нема шанси, но честитки“, се дел од реакциите. Инаку, актерката има две деца со поранешниот сопруг Кортленд Дејвис и, како што пренесува Page Six, едно дете од претходната врска.

Инаку, Трина е во брак со актерот и продуцент Марчело Тедфорд 16 години, а се запознале на снимањето на филмот на Силвестер Сталоне „Светлоста на денот“ пред 28 години. Актерскиот ангажман на Трина можевме да го видиме во 2015 година во серијата Девојката го запознава светот“ која се емитуваше на Дизни каналот, а минатата година таа ја глумеше Талија во филмот „Соученици“. „Соученици“ го режираше Даниел Фишел, поранешна колешка на Трина која ја играше Топанга Лоренс во „Момчето го запознава светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот