Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ/Profimedia

„Актер близок до Кремљ“: Вака светските медиуми пишуваат за исклучувањето на Милош Биковиќ од „Белиот лотос“

Продуцентите на серијата „Белиот лотос“ („The White Lotus“), во чија трета сезона требаше да игра Милош Биковиќ, го откажаа ангажманот на српскиот актер. Оваа вест ја пренесоа сите регионални, но и голем број светски медиуми.

Биковиќ вчера се огласи на социјалните медиуми и потенцираше дека „нема да се поклонува на наратив кој го загрозува неговиот интегритет“.

Британскиот дневен весник „Гардијан“ ја пренесе објавата на француската новинска агенција „Франс прес“, каде се вели дека „’Ејџ-би-о’ го исклучи Биковиќ од серијата ‘Белиот лотос’ поради неговата поврзаност со Русија“.

„Улогата ќе му биде доделена на друг актер откако Украина реагираше на изборот на Србинот за новата сезона (на серијата)“, пренесува „Гардијан“.

Како што се додава во текстот на британскиот весник, Биковиќ соопштил дека сака сите „активни војни да престанат“ и „да преовладуваат принципите на љубовта“.

„’Ејџ-би-о’ го избрка Биковиќ, актер близок до Кремљ, од тимот на ‘Белиот лотос’ по осудата од страна на Украина“, пишува „Киев идепендент“.

„Биковиќ работеше во Русија повеќе од една деценија, а рускиот диктатор Владимир Путин му даде руско државјанство. Актерот постојано ја оправдуваше руската нелегална анексија на Крим и не ја осуди инвазијата на Украина во 2022 година“, пишува овој украински медиум.

„Њујорк тајмс“ пишува дека украинското Министерство за надворешни работи го осуди кастингот на Биковиќ, наведувајќи ги неговите врски со Русија.

„Биковиќ објасни дека заминува поради надворешен притисок“, додаде „Њујорк тајмс“.

„Бизнис инсајдер“ пишува дека „Ејџ-би-о“ ќе го смени актерот во „Белиот лотос“ откако Украина го обвини Биковиќ дека ја поддржува Русија, што укажува дека снимањето на серијата требало да започне во февруари.

„Соопштението не објаснува зошто Биковиќ, кој ја доби улогата на велнес гуру во серијата, повеќе нема да биде дел од неа, но актерот неодамна беше обвинет од украинското Министерство за надворешни работи дека ја поддржува војната на Русија во Украина“, пишува „Бизнис инсајдер“.

По бројните критики: „Ејџ-би-о“ го исклучи Милош Биковиќ од серијата „Белиот лотос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот