Рекламната кампања за „Љубовното мече Пафи“ / Фото: Фејсбук/„Loving bear Puffy“

Ако ви недостасува прегратка: Бугарите измислија плишана играчка за самци

Не сакате да бидете сами за време на претстојните божиќни празници? Плишана играчка за емоционална поддршка со човечка големина може да биде совршен подарок за вас.

Една бугарска компанија направи голема плишана играчка за жените кои се осамени и имаат потреба од нечие присуство. Имено, „Љубовното мече Пафи“ е плишана играчка со големина на машко човечко тело, но има глава на мечка.

„Тоа е многу личен производ, измислен од обична жена која се плаши да биде сама“, изјавија од компанијата што ја произведува играчката.

Големата плишана мечка е висока 170 сантиметри, тежи само три килограми и чини околу 160 долари.

Бугарската компанија е основана од страна на манекенката Ина Мархолева и Тонија Берданакова.

„Ние жените сме честопати сами, од различни причини. Понекогаш тоа е личен избор, лоша среќа или судбина. Но, на сите ни е потребно нечие присуство или прегратка, особено навечер пред да заспиеме или додека гледаме телевизија. Затоа Пафи е направен со човечка форма и големина, за максимално да го намали недостатокот на физичко присуство“, велат од компанијата.

Основачките на компанијата велат дека друштвото на плишаната играчка има свои предности во однос на човечкото друштво.

„Мечето Пафи нуди емоционална поддршка, мир и прегратка во секое време. Не ‘рчи, не мрчи и не се лути“, велат тие.

Исто така, играчката доаѓа „гола“, што ви овозможува да ја облечете по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот