СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Ако сме прислушувале, зошто се плашите да декласифицирате? – прашува СДСМ

„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката“, велат од опозицискиот Социјалдемократски сојуз во соопштение издадено утрово.

„Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат. Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие? Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај. Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако имате храброст“, прашуваат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот