фото: instagram.com/fcshkendija

Ако Шкендија биде елиминирана во ЛШ, ќе игра против Дрита или Копенхаген во Лига Европа

Фудбалерите на Шкендија по денешната жрепка во Нион ги дознаа потенцијалните ривали во третото квалификациско коло за Лига Европа.

Доколку македонскиот првак биде елиминиран од романскиот претставник ФЦСБ во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, својот меѓународен настап ова лето ќе го продолжи во третото квалификациско коло за Лига Европа.

А таму тетовските „црвено-црни“ би се соочиле со поразениот од двомечот од ЛШ меѓу ФК Копенхаген (Данска) и Дрита (Косово).

Првите натпревари од третото квалификациско коло за ЛЕ ќе се играат на 7 август, а реванш средбите се на 14 август.

Претходно Шкендија ги дозна потенцијалните ривали во третото квалификациско коло за ЛШ доколку биде подобра во мечевите против ФСЦБ. Повеќе ТУКА

Лига Европа

Трето квалификациско коло

Хамрун Спартанс (Малта)/Динамо Киев (Украина) – Пафос (Кипар)/Макаби Тел Авив (Израел)

Слован Братислава (Словачка)/Зрињски Мостар (БиХ) – Лех Познањ (Полска)/Бреидаблик (Исланд)

Шкендија (Македонија)/ФЦСБ (Романија) – ФК Копенхаген (Данска)/Дрита (Косово)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот