Фото: Pxhere

Ако сакате рамен стомак, избегнувајте два вида храна: Едната од нив ни е омилен појадок

Она што го јадеме наутро може да ни го обележи остатокот од денот. Затоа, особено е важно да водиме сметка за изборот на појадокот доколку целиме кон порамен стомак, бидејќи исхраната може да го забрза или запре напредокот во слабеењето. Според д-р Ден Саливан, почетокот на денот со погрешна храна може да ја саботира нашата цел – витка фигура.

Д-р Саливан ги споделил двата најлоши видови храна за појадок. 

Преработено месо за појадок

Преработеното месо за појадок, како што се сланина и колбаси, може да изгледа како одличен избор за почеток на денот. Меѓутоа, д-р Саливан предупредува: „Сланина, колбаси, виршли или друго преработено месо за појадок често содржат нездрави масти, високо ниво на натриум и други конзерванси. Овие состојки можат да придонесат за воспаление и задржување на водата, што го отежнува одржувањето на витката линија.

Високата содржина на натриум во преработеното месо може да доведе до надуеност, што е вообичаена грижа за оние што сакаат да постигнат рамен стомак. Ако сте љубител на месо за појадок, посегнете по органски опции кои не содржат дополнителни конзерванси и хормони, советува лекарот.

Солени печива

Печивата од пекарниците, како што е, на пример, ѓеврекот, е омилен избор за појадок на многу луѓе, но според зборовите на д-р Саливан, тие се далеку од најдобриот избор.

– Печивата се богати со преработени јаглехидрати. Овие рафинирани јаглехидрати релативно брзо се претвораат во шеќер во телото и може да доведат до нерамнотежа на шеќерот во крвта – објаснил тој.

Кога шеќерот во крвта скока и опаѓа, тоа може да предизвика желба и да доведе до прејадување подоцна во текот на денот, што го отежнува одржувањето на рамен стомак и слабеењето.

Покрај тоа, д-р Саливан истакнува дека повеќето печива содржат и глутен, што за многумина може да биде проблематично. Чувствителноста или нетолеранцијата на глутен може да доведе до надуеност и дигестивни непријатности, што дополнително го попречува постигнувањето на рамниот стомак.

Значи, да се добие рамен стомак не е само до вежбањето – туку и паметното избирање на храната, особено за појадок. Советите на д-р Ден Саливан служат како потсетник дека она што го јадеме наутро може да има значително влијание врз метаболизмот, нивото на енергија и целокупното здравје. Со избегнување на печива и преработки од месо за појадок, можеме да се подготвиме за успех и да се приближиме чекор поблиску до нашите цели за здраво и фит тело.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот