Панда младенчињата Лени и Лоти - Фото: CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia

Ако сакате панди, ова е дефинитивно најдобрата работа за вас

Ако сакате животни и размислувате на тема „која е мојата следна работа?“, оваа можеби ќе биде вистинската. Базата за одгледување на гигантски панди во Ченгду, провинција Сечуан, Кина, има оглас за посебна улога – „panda cuddler“ или лице кое ќе гушка, држи и игра со бебиња панди, пишува „АЗ Анималс“.

Да, добро прочитавте – станува збор за вистинска работа, со вистинска плата.

Годишната плата од околу 32.000 долари (приближно 200.000 јуани) ќе ја добиете за работа што ќе бара практично целосна посветеност. Ќе имате можност да користите Ес-ју-ви (SUV) возило, бесплатно домување и храна.

Работното време ќе ви биде речиси 365 дена во годината. Пандите на ова место се држат во услови каде што не им е обезбедена стимулација како што би ја имале во дивината, па вашата задача ќе биде да им помогнете во тоа.

Барања за кандидатите

• Да имате најмалку 22 години.

• Основно познавање за панди: нивната биологија, животна средина, потреби.

• Добри способности и вештина за фотографирање, бидејќи вашиот ангажман може да вклучува и правење фотографии и снимање моменти со младите панди.

Зошто е ова важно?

Пандите се солидарни животни – некои од нив се родени во заробеништво, каде не добиваат секаков вид на стимулација што би им била достапна доколку би живееле во дивина. Улогата на „гушкач на панди“ (panda cuddler) е токму да помогне да им се обезбеди внимание, игра и нега, што е многу важно за нивниот развој и благосостојба.

Ако ви е интересна ваква необична работа, ова е можност што комбинира љубов кон животните со вистинска кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот