Новак Ѓоковиќ од лични причини нема да игра во Дејвис куп/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ако сака да игра на УС Опен, Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да добие ослободување од вакцинација за последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Ѓоковиќ во овој момент нема право да влезе во САД бидејќи не примено ниту една доза вакцина против коронавирус и според законите тој се води како „невакциниран странец“.

Тениската федерација ана САД (УСТА) која е организатор на УС Опен, одлучи да не бара изземање за Ѓоковиќ.

– Ќе ги следиме препораките и одлуките на Владата и Центарот за контола на болести (ЦДЦ) – изјави Лу Шер, извршен директор на УСТА.

Од истите причини Новак ги пропушти Австралија опен на почетокот на сезоната, а потоа и мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

 

Доколку не настапи на УС Опен, Ѓоковиќ ќе остане без 1.200 бода бидејќи минатата година играше во финалето и загуби од Данил Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот