
Ако поскапат цигарите, ќе процвета „црниот пазар“ во Хрватска
Европската комисија предлага да се зголеми минималната можна акциза од едно евро и 80 центи на три евра и 60 центи по кутија или 27 куни – што значи дека ќе скокне цената на цела палета марки тутун, пренесува РТЛ, објави Н1 Хрватска.
Препорачано
Хрватите се поделени по ова прашање.
– Можеби би било подобро да се покачат цените, мислам дека ќе има помалку пушачи, а луѓето ќе бидат поздрави, велам можеби“, вели Кармен Грубор од Загреб.
– Нон стоп ги креваат цените, па луѓето продолжуваат да пушат, кој пуши – пуши, нема помош“, коментираше Елизабета Станковиќ од Загреб.
-Мислам дека би било добро не само да се почитува минималната стапка што ќе ја предложи Комисијата, туку и дополнително да се зголеми тој износ од наша страна, изјави Билјана Борзан, пратеник во Европскиот парламент.
Зголемувањето на акцизата на три евра и 60 центи за просечниот пушач кој пуши кутија цигари дневно значи зголемување на цените, во просек за околу 10 куни, односно покачување за 300 куни на месечно ниво (околу 400 евра ), односно околу 3.600 куни годишно (приближно 478 евра).