Пензионери/ Фото: Phil Rees / Alamy / Profimedia

Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус

Ако го одложите пензионирање во Германија од 2025 година, тоа ќе ви се исплати, бидејќи се воведува додаток за одложување на пензијата што може да значи доплата за дел од работниците. Така, вработените кои ќе ја достигнат законски пропишаната старосна граница за пензионирање во 2025 година и кои ќе ја одложат, можат да имаат корист од бонусот. Федералната влада го воведе таканаречениот бонус за пензионирање, за да ги мотивира луѓето да останат вработени подолго и на тој начин да се борат против недостигот на квалификувани работници, пренесува Феникс.

Но кои услови треба да се исполнат за вработените да добијат доплата, колкава е премијата и какви предности носи? Како функционира бонусот за одложена пензија? Едноставно е: секој што ќе продолжи да работи најмалку дванаесет месеци над границата за исплата на мини работни места наместо да се пензионира, ќе добие еднократна исплата од 2025 година, како што пренесува „Taгесшау“.

Премијата се состои од износот на изгубената пензија и заштедените придонеси за здравствено осигурување. Бонусот може да се чува за период до три години и е целосно ослободен од данок, како што објаснува Aграр.хојте. Правото на одложување на пензијата во принцип можат да го остварат сите осигуреници кои ја наполниле законски пропишаната старосна граница за пензионирање и го исполниле потребниот минимален рок на осигурување од пет години. Бонусот ќе се плаќа од 2028 година, но почетокот на пензионирањето може да се одложи од 2025 година за подоцна да го добиете бонусот, пишува Цајт онлајн. Дел од експертите стравуваат дека премијата ќе ги оптоварува пензиските фондови и ќе дојде на штета на помладите генерации, пишува Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот