Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Ако не беше таму“: Доли Партон му оддаде почит на починатиот сопруг со трогателен гест

Американската кантри-музичка икона и актерка, Доли Партон му оддаде посебна музичка почит на својот покоен сопруг Карл Томас Дин. И тоа како што знае најдобро – со песна. Иако нивната љубов траеше речиси 60 години, за сите овие години таа успешно го криеше својот сопруг од јавноста, ретко спомнувајќи го.

Доли го откри насловот на нејзината нова песна „If You Hadn’t Been There“, во објава на Инстаграм, која ја сподели заедно со стара фотографија на која позира со нејзиниот сопруг Карл.

„Карл и јас се заљубивме кога имав 18, а тој 23, и како и сите големи љубовни приказни, тие никогаш не завршуваат“, напишала пејачката за Дин, кој почина во понеделникот на 3 март во Нешвил на 82-годишна возраст. „Тој живее во сеќавањето и во песната, а јас му го посветувам ова“, додала таа.

Партон ја објави својата песна набргу откако сподели емотивна објава на Инстаграм по смртта на нејзиниот сопруг, со кој беше во брак 58 години, претходно оваа недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Доли Партон се збогуваше со сопругот: Тој велеше дека неговиот живот започнал на денот кога ја запознал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот