Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Акција во источна Македонија – се апсат членови на шумска мафија

Во голема полициска акција се апсат членови на криминална група која со години наназад вршела дива сеча во шумите во малешевскиот крај, јавуваат дел од медиумите повикувајќи се на неофицијални информации, но засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите кои се објавуваат, во акцијата во Берово, Пехчево и Делчево се прават претреси на повеќе локации и меѓу приведените се актуелен раководител на подружница на ЈП „Македонски шуми“, началник на полиција, шумски полицајци и службеници во подрачната единица на Министерството за земјоделството, како и сопственици на приватни фирми.

Официјални информации се очекуваат во текот на денов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот