
ВИДЕО | Ахмети: Христијан ќе биде деветтиот премиер кој ќе го пензионирам
Христијан Мицкоски ќе биде деветтиот или десеттиот премиер, не се сеќавам веќе, којшто ќе го испратам во пензија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од паредизборен собир. Пораката од Ахмети до премиерот следи откако Мицкоски во предизборната кампања повеќепати му порача на лидерот на ДУИ дека му е време да се пензионира, бидејќи со пораките е останат во 19 век.
Препорачано
-Христијан ќе биде деветиот или десетиот премиер, бидејќи заборавив колку беа, кој ќе го пензионирам. Добро е Христијан да го напушти премиерското место и да оди во Пензискиот фонд да работи – рече Ахмети.
Видео: ТетоваСот
Во контекст на пораките од Мицкоски дека се занимава со минатото, наместо да нуди проекти, Ахмети му одговори дека тој не е обичен политичар кој доаѓа од телевизиски екрани или од канцеларија.
-Доаѓам од движење кое пролеа крв во поновата историја на Албанците. Доаѓам од Ослободителната војска на Косово. Доаѓам од Националната ослободителна војска – рече Ахмети и се поистовети со делата на како што кажа албанските херои како Хасан Приштина, Бајрам Цури, Идрис Сефери и Калош Дани…
Мицкоски коментирајќи го Ахмети за изјавата дека со „загари се ловат зајаци, а не орли“, рече дека лидерот на ДУИ 20 години настапува со истата реторика.
-Така ДУИ го крева рејтингот, а тезите им се стари и избледени. Колку крвопролевања, колку јастреби, колку орли, колку зајаци… Ист фолклор спомнуваат, 20 години – ист филм! Албанците се иселија, распарчени се од крадењето. По 15 месеци, или една и пол година, отиде во опозиција, а по овие избори ќе заминеш во политичка пензија, ти гарантирам – рече Мицкоски.
Со зајаци и загари во лов на политички рејтинг, изборната кампања почна со размена на ниски удари