Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Агентот Жорге Мендеш со важна вест за Ламин Јамал и Барселона

Еден од највлијателните фудбалски агенти, Жорге Мендеш, потврди дека ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал ќе го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на шпанската сензација со каталонскиот гигант ќе биде со важност до летото 2030 година.

Преговорите меѓу двете страни моментално се во тек, но тие се одвиваат непречено и без несогласувања.

Минатата година Мендеш и неговиот тим преговараа за двојна плата за Јамал, но ситуацијата значително се промени и сумата е зголемена.

Клубот ја сфаќа важноста на младиот играч во нивниот тим и има намера да го награди посоодветно за неговите заслуги.

Мендеш неодамна вечерал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортскиот директор на клубот Деко. Токму во оваа прилика се разговараше за дополнителни детали за новиот договор на Јамал со Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот