
Агелер: Важно да се поддржуваме едни со други во нашата заедница, а во неа спаѓаат и животните
Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници ЛАЈКА – Скопје организираше предновогодишна чајанка на која присуствуваше амбасадорката на САД Анџела Агелер.
Препорачано
-Целта на денешниот собир е да искреираме едно хумано општество во кое што ќе има место за сите луѓе со сите различности, бидејќи хуманоста е една и кога ја имаме, ја имаме кон секого – кажа директорката на ЈП Лајка, Радмила Пешева.
Свое обраќање на настанот имаше и амбасадорката Агелер која упати благодарност за поканата до тимот на „ЈП Лајка“.
-Како амбасадор на САД, можам да кажам дека моите омилени настани, се настаните кои вклучуваат кучиња. Благодарам за поканата и за сите кои ја поддржувате ЈП Лајка и другите организации. Како што завршува оваа година, добро е да се потсетиме колку е важно да се поддржуваме едни со други и во нашата заедница, во која спаѓаат животните – изјави амбасадорката Агелер.

На прашањето како Америка се соочува со уличните кучиња, амбасадорката одговори дека тоа се разликува во зависност од градот.
-Конкретно Вашингтон ваквите проблеми ги решава како и „ЈП Лајка“. Се трудиме кучињата и мачките кои ќе ги донесат во стационарите да бидат медицински третирани, вакицинирани и негувани – изјави таа.
Таа го искажа своето задоволство од денешниот настан, до сите волонтери и поддржувачи на работата на ,,ЈП Лајка”
На забавата присуствуваа волонтерите кои волонтираат во „ЈП Лајка“, дечиња од организациите ,,Доза среќа”, ,,Кохлеарно срце”, ,,Еквалити Македонија”, ,,Autism Awareness Македонија”, како и средното училиште ,,Никола Карев” коешто неодамна го отвори првиот Пет Френдли клуб и со тоа стана првото Пет френдли училиште.