Агелер: Државата треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод за да ја елиминира зависноста од Русија

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

Обраќајќи се на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

– Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

На форумот со говореше за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологија и иновации, како и за финансирање на реформите кон зелена транзиција.

По амбасадорката, обраќање имаше мандатарот Христијан Мицкоски кој напомена дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.

Мицкоски: Енергетската ефикасност ќе биде приоритет на новата влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот