unsplash
Фото: unsplash

АЕТСМ: 63.5 отсто од интернет корисниците направиле онлајн нарачки годинава

Граѓаните оваа година преку интернет најмногу купувале облека, вклучително и спортска облека, чевли или додатоци како чанти и накит. Според анализата на Асоцијацијата за е-трговија, забележан е пораст на онлајн купувањето за десет процентни поени.

Дури 63.5 отсто од македонските интернет корисници купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5 проценти во истиот период минатата година.

Како што објави АЕТСМ, 90.2 отсто од домаќинствата имале интернет пристап наспроти 88 отсто во истиот период минатата година, додека 91.2 шроценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет наспроти 85.3 во истиот период минатата година, според податоците од Државен завод за статистика. При тоа, 92.2 проценти од мажите користеле интернет наспроти 90.2 отсто од жените во истиот период. 76.4 проценти од Македонците користеле интернет неколку пати во текот на денот, и тоа 78.3 отсто од мажите и 74.6 проценти од жените.

Македонците, како што се посочува, интернетот најмногу го користат за зборување, социјални мрежи и праќање инстант пораки.

Во однос на полот, жените повеќе сакаат да зборуваат и да праќаат инстант пораки, но и да бараат информации за производи и услуги поврзани со здравјето, додека мажите повеќе ги користат социјални мрежи, повеќе продаваат производи или услуги онлајн.

-Најновите податоци на Државниот завод за статистика ни покажуваат дека Македонците се повеќе го користат интернетот, но она што е важно дека е зголемено користењето на интернетот за праќање на е-пошта, за барање информациии за производи и услуги, и најважно, за онлајн продавање на производи и за интернет банкарство. Она што најмногу нѐ интересира е онлајн купувањето кое забележува пораст од 10 процентни поена, како и зголеменото купување на повеќе категории на производи. Зголемената понуда на атрактивни промоции и појавата на нови играчи на пазарот го раздвижува онлајн пазарот и се повеќе интернет корисници го користат интернетот за онлајн купување – истакна претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот