Блејк Лајвли и Џастин Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Адвокатот на Џони Деп за случајот на Блејк Лајвли: Балдони е премногу агресивен во тужбите

Адвокатот на Џони Деп, Бенџамин Чу, проговори за правната драма што се случува меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли. Според него, Балдони има премногу груб пристап кон целиот случај, кој започна уште во декември.

„Мислам дека е многу агресивно. Обично такво нешто не се прави пред судско рочиште, но сигурен сум дека внимателно проверувале сè“, коментираше тој за време на појавувањето во поткастот „Law&Crime“ со Џеси Вебер.

„Објавувањето изјави не ми изгледа невообичаено. Тоа се изјави дадени за јавност. Но, сепак тоа е нов пристап кон оваа ситуација“, додаде тој. На прашањето на кого би му дал повеќе шанса на претстојното судење, Чу не зазема страна, но истакна дека постоечките докази ќе бидат „многу убедливи бидејќи секој може да ги види“.

Бенџамин Чу го застапуваше Џони Деп во случајот против Амбер Херд. И двајцата се обвинија еден со друг за клевета и бараа милионска отштета, па не е изненадување што драмата меѓу Балдони и Лајвли многумина ги потсети на судската битка на поранешните сопружници Деп и Херд. Судот на крајот пресуди во корист на Деп.

Претходно, ПР експертот Џед Валас поднесе сопствена тужба за клевета против Блејк Лајвли. Во него тој наведува дека актерката свесно дала „злонамерни и лажни тврдења“ и бара отштета од 7 милиони долари. Оваа тужба е одговор на дел од тужбата што Блејк Лајвли ја поднесе во декември 2024 година против Балдони. Во него го спомнала и Валас за кој вели дека ја омаловажувал преку медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот