
Адвокатите на Диди и неговата мајка бараат условна слобода: „Ќе оди на терапија и ќе се лекува од зависност“
Шон „Диди“ Комбс беше прогласен за виновен за злосторства поврзани со проституција на судењето во Њујорк во јули, но беше ослободен од посериозните обвиненија што можеа да доведат до доживотен затвор. Тој беше прогласен за виновен за транспорт со цел проституција, но беше ослободен од заговор за извршување рекет и две точки од обвинението за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишува „Јаху“.
Препорачано
Познатиот рапер, кој не се чувствува виновен, планира да поднесе жалба на пресудата.
Иако се соочува со 20 години затвор, неговиот адвокатски тим се надева на многу полесна казна. Неговите адвокати побараа од судијата да го осуди на 14 месеци затвор, по што ќе следи условно ослободување.
Додека бил на условна казна, од Диди ќе се бара да се подложи на третман за зависност, да посетува терапевтски сесии и групно советување.
„Во текот на изминатите две години, кариерата и угледот на г-дин Комбс беа уништени. Тој отслужи повеќе од една година во еден од најозлогласените затвори во Америка, но ја искористи казната на најдобар можен начин“, му пишаа неговите адвокати на судот.
Одбраната верува дека ова би била „единствената праведна и фер казна што може да се изрече“. Со оглед на времето што тој веќе го поминал во притвор, ова би можело да значи дека по изрекувањето на пресудата, тој наскоро би можел да има право на условна слобода.
Неговиот правен тим, како дел од поднесувањето, вклучи 70 писма за поддршка од најблиските пријатели на Комбс, вклучувајќи го и неговото семејство. Во документите се наведува дека тој е на лекување од зависност од дрога и алкохол, но и дека неговите седум деца и неговата мајка, Џенис (84), се зависни од него. Таа, исто така, апелираше до судијата, барајќи од него да ѝ дозволи да ги помине преостанатите години со својот син.
Дополнително, адвокатите истакнаа дека однесувањето на Диди во затворот било примерно.
Да потсетиме дека адвокатите на Диди претходно поднесоа барање да му се дозволи да ја слушне пресудата додека е на слобода и понудија кауција од милион долари, но судијата одби, објаснувајќи дека могулот покажал „непочитување кон владеењето на правото и склоност кон насилство“.
Судот ќе му ја изрече пресудата на 3 октомври.