
Адријана Поп Арсова со пласман на Светското првенство во атлетика – Токио 2025
Македонската рекордерка Адријана Поп Арсова успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика Токио 2025.
Препорачано
Поп Арсова е првата атлетичарка во историјата на македонската атлетика која ќе настапи на три последователни светски првенства (Орегон 2022, Будимпешта 2023 и Токио 2025).
Поп Арсова успеа да го оствари критериумот за учество и се најде меѓу најдобрите 100 маратонки во светот, обезбедувајќи директен пласман преку ранкинг-листата на Светската атлетика (World Athletics).
Овој резултат е уште еден доказ за континуираниот напредок и професионалниот развој на македонските атлетичари, како и потврда за вредноста на вложувањата во македонската атлетика.
Светското првенство ќе се одржи во периодот од 13 до 21 септември во Токио, Јапонија, во 2025 година, каде најдобрите атлетичари од целиот свет ќе се борат за светската титула. Македонија ќе има двајца свои претставници Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски, кои ќе настапат во дисциплината маратон.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5