Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Адеми заминува од Динамо, познато и каде ќе продолжи

Македонскиот фудбалер Аријан Адеми повеќе нема да биде дел од Динамо Загреб, откако клубот и фудбалерот постигнале договор за спогодбено раскинување на соработката, иако важечкиот истекуваше летото следната година.

Според хрватските медиуми, Адеми веќе го има избрано новиот предизвик, кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Ујпешт, каде што ќе соработува со Дамир Крзнар, поранешниот тренер на Динамо кој сега работи во Унгарија.

Иако на маса имало повеќе опции, клучна, според пишувањата, била токму желбата на Адеми да се приклучи на екипа што ја води стратег со кого веќе има изградено доверба и добра релација.

Да потсетиме, неодамна клубот од „Максимир“ го напушти и Стефан Ристовски, така што ако не дојде до нови трансфери, Динамо ќе влезе во новата сезона без македонски фудбалери во своите редови.

ВИДЕО | Стефан Ристовски веќе не е фудбалер на Динамо Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот