
Адеми најави завршување на постапката за печатење нови учебници
Јавната набавка и електронската аукција завршија. Оваа недела треба да се потпише одлуката за избор на најповолна понуда и учебниците кои не биле отпечатени во последните четири пет години ќе бидат отпечатени и дистрибуирани до сите училишта, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека учебници не недостигаат, но има оштетени учебници.
– Треба да се направи една мала дистинкција кога станува збор за набавување учебници, учебниците кои се откупуваат од издавачките куќи се дистрибуирани во сите училишта, а има учебници за кои МОН го има ексклузивното право и за кои одиме преку јавна набавка за печатење. Во последните четири пет години за жал не се реализирала таква јавна набавка, бидејќи секогаш била поништувана пред некоја втора инстанца или судски инстанци. Оваа недела таа постапка ќе заврши – рече Адеми пред отворањето на меѓународниот собир по повод 60 години постоење на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филошкиот Факултет „Блаже Конески”.
Додаде дека учебниците по македонски јазик, по географија, историја и музичко се ексклузивно право на МОН, за нив се води постапка и ќе бидат отпечатени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
51мин
-
58мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5