Фото: Икс

Адам Пирсон стана симбол за храброст: Актерот одговори на навредите за неговиот изглед кој е последица на генетска болест

Британскиот актер Адам Пирсон и глобалната поп-ѕвезда Камила Кабело станаа симболи на храброста и човечката топлина откако споделија искрен момент на БАФТА наградите во 2025 година.

Нивната средба се случила и покрај злонамерните коментари на интернет, кои се обиделе да го понижат Пирс поради неговиот физички изглед.

Адам Пирсон, кој е роден со ретката генетска болест неврофиброматоза тип 1 (NF1), се соочува со тумори кои растат на нервите, но тоа не го спречи да изгради успешна актерска кариера. Неговиот последен филм „A Different Man“, во кој тој глуми заедно со Себастијан Стен, ги истражува дилемите на еден актер кој го припишува својот неуспех токму на оваа болест.

Филмот доби признание од критичарите, а Пирс освои Златен глобус за најдобра споредна машка улога.

Иако филмот не беше номиниран за наградата БАФТА, Пирс се појави на церемонијата, каде што му беше доделено да седне до Камила Кабело. Набрзо на социјалните мрежи се појави недоличен коментар во кој еден корисник напиша дека доколку таа е на нејзино место, „ќе се откаже од доаѓањето на настанот“, а на ова се надворза и други корисници:  „Како можеш да седиш до тоа чудовиште“ , „Не би му се приближил на ова чудовиште“…

Пирс не молчеше на овој обид за понижување, па на својот профил на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) кратко и јасно одговори:

„За среќа, ти не си Камила – и што е уште поважно, не си поканет. Затоа, од мене, Адам Пирсон, директно до тебе – земи ги твоите бесмислени ставови и однеси ги на друго место. Апсолутно немам време за вашите анонимни, дискриминаторски глупости“.

‘A Different Man’ actor Adam Pearson has “EXACTLY zero time for your anonymous, ableist nonsense”
byu/stars_doulikedem inpopculture

Неговата реакција наиде на огромна поддршка. Луѓето го осудија срамниот коментар и го нарекоа „одвратен и патетичен напад“, нагласувајќи колку е важно да се бориме против предрасудите и дискриминацијата.

Трогателен момент со Камила

И покрај негативните коментари, Пирс и Кабело имаа прекрасен момент на настанот. Актерот на социјалните мрежи сподели серија фотографии, меѓу кои и една на која тој и Камила срдечно се насмевнуваат еден на друг. Кога еден фан напишал: „Омг, ти и Камила!“, Пирс одговорил:

„И таа беше апсолутно прекрасна“.

Нивната интеракција беше моќен одговор на секој што се сомневаше во човечката топлина и емпатија.

Адам Пирсон долго време е портпарол за правата на попреченост во филмската индустрија. Тој истакна дека досега само двајца актери со попреченост имаат добиено Оскар за улоги кои ги толкуваат лицата со попреченост, што ги смета за поразителни.

„Сакав да бидам комичар бидејќи пораснав со Џо Пасквал, Кени Еверет и Томи Купер. Секој сака некој што е смешен. Можеби тоа беше мојот начин да се бранам себеси тогаш, но знаев уште од мали нозе – нема да дозволам некој да ме дефинира“.

Пирсон со својот пример докажа дека достоинството, храброста и талентот ги надминуваат површните предрасуди. Неговата средба со Камила Кабело не беше само случаен момент на црвениот тепих – тоа беше симбол на победата над дискриминацијата и доказ дека вистинската вредност лежи во човештвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот