фото: Македонска Џиу - Џица Федерација

Ацевска освои злато, а Николиски сребро на Медитеранските игри во џиу – џица

Денеска во Рим, Италија се одржуваат Медитеранските игри на кои Македонија во џиу – џица ја претставуваа
Катерина Ацевска од Скопје и Данил Николиски од Штип.

Во женска конкуренција Ацевска во категоријата +70 кг. во сениорска конкуренција со победата над натпреварувачка од Колумбија дојде до златниот медал.

Исто така, кај сениорите Николиски во категоријата -56 кг. со победите против натпреварувачи од Туркменистан и Колумбија и еден пораз од италијански натпреварувач дојде до сребрениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот