Абдурамани: Со Џафери се договоривме платите на вработените во ФЗО да останат непроменети до мај

В.д. директорот на ФЗО, Асаф Абдурамани, на Фејсбук објави дека со техничкиот премиер, Талат Џафери, постигнат е договор со кој се предвидува платите на вработените да останат непроменети до крајот на мај и истите остануваат во висина од месец декември со утврденото зголемување од 15 отсто.

– Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за еднаква вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените,напиша Абдурамани.

Вработените во ФЗО од вчера стапија во штрајк со барање да не им се намалуваат платите и да се преиспита ваквата одлука.

Синдикатот најави дека нема да го стопираат штрајкот се додека не биде повлечено ваквото барање од надлежните.

Изминативе два дена на шалтерите на фондот работеше по еден вработен и примаше документи само за итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот