
Во сабота закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците во Скопје
Во сабота попладне е закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците, а прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата, Арбен Таравари, откако најави дека партијата на парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција.
Препорачано
Втора точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.
Поканата до членовите на Собранието е испратена и потпишана од организацискиот секретар на партијата Исен Шабани, а на документот за одлуката за свикување на состанокот и за дневниот ред е потпишан претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села.
Со куршумот порака пукна врската помеѓу Таравари и Села
– Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава!, напиша во саботата Таравари на својот официјален фејсбук профил. Тој исто така побара поддршка од Централното собрание за оваа одлука.
Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.
Села: Алијансата за Албанците не е на продавање, Таравари ќе сноси одговорност
По изнесениот став на Таравари, Зијадин Села на прес-конференција во Тетово јавно потенцираше дека е против одлуката АА да се приклучи на албанскиот опозициски фронт на претстојните избори. Тој смета дека партијата треба да оди самостојно на избори, а конечната одлука да ја донесат партиските тела.
Поддршка за Таравари дадоа 19 членови од последниот состав на Академијата на Алијансата за Албанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики.
Несогласувањата меѓу членството во Алијанса за Албанците деновиве ескалираше во физички пресметки и закани. Викендот физички беше нападнат Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а вчера пред домот на Таравари беше пронајден неиспукан куршум.