виктори бринкер
Фото: Принтскрин / Youtube

ФОТО+ВИДЕО: 9-годишната Виктори Бринкер испиша историја на „Америка има талент“

Можеби има само девет години, но Виктори Бринкер веќе влезе во историјата на „America’s Got Talent“ откако минатата недела запеа на сцената и го воодушеви жирито.

Девојчето од Пенсилванија беше јасно нервозен и возбудена на почетокот на нејзиното претставување пред четворицата судии и преполната сала. Но, се чини дека сето тоа исчезна кога таа почна да пее.

Бринкер ја отпеа „Juliet’s Waltz“ од операта Ромео и Јулија. „Не го очекував ова“, рече Хауи Мандел. „Ти си ангел. Ме воодушеви“.

„Ти си ѕвезда. Имаш моќен глас“, коментираше Софија Вергара.

виктори бринкер
Фото: Принтскрин / Youtube

Сајмон Кауел беше воодушевен од нејзиниот перформанс и храброст и набрзина „свика состанок“ останатите тројца судии и водителот Тери Крус.

виктори бринкер
Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Ние нема да ти дадеме „да“ денес“, објасни тој. „Ќе направиме нешто што никогаш порано не сме го направиле во шоуто, ќе ти дадеме нешто посебно“, рече Сајмон и потоа заедно со сите заедно го стиснаа златното копче кое ја носи директно во полуфиналето од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот