80 илјади работници побарале правна помош поради откази и принудни одмори, велат од ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија годинава обезбедил правна заштита на повеќе од 80 илјади работници.

Обраќањата на работниците се однесувале на откази, притисоци за потпишување на спогодбени откази, за трансформација на работниот однос, намалени плати и упатување на принуден одмор на хронично болните и лицата кои се грижат за деца до 10 години, како и за исплата на регрес за годишен одмор.

– Евидентирани се и голем број обраќања за прекинување на договорите за дело, предвремено прекинување на договори за вработување на определено време и непријавена работа. Најголем дел од обраќањата се од работници кои не се синдикално организирани со што се оневозможува вистинското делување на ССМ. Големиот број на обраќања од работници кои не се членови на синдикат и во овие сложени здравствени услови уште еднаш го потенцираше значењето и неопходноста од синдикално организирање и функционирање, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека кампањата „Правна заштита-сигурност на работничките права”, придонела работниците да го препознаат ССМ како заштитник на работничките права и да се охрабрат да пријавуваат нерегуларности од работен однос. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот