
500 луѓе ќе се борат да влезат во Советот на Општина Битола
Вкупно 496 битолчани решиле да се вклучат во политичкиот живот на локално ниво и се кандидираат за советничка позиција во Советот на Општина Битола, на 16-те листи кои ги има одобрено Државната изборна комисија за претстојните локални избори.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Функцијата советник нема законски определени големи финансиски бенефиции, пишува телевизијата „Тера“.
Според одлуките на Советот во изминатиот период, а врз основа на законските измени за платите на функционерите, советниците во Општина Битола добиваат паушал од околу 22.000 денари. Претседателот на Советот добива малку повеќе, по закон 30% повеќе од советниците или паушал од 30.000 денари.
Според оваа пресметка, годишно советниците во Битола добиваат околу 264 илјади денари, односно за четири години 1.056.000 денари или над 17.150 илјади евра. Сè што треба да направат за да го земат месечниот паушал е да се појават на барем една седница на Советот.
Доколку патуваат некаде, на советниците им се исплатуваат надоместоци за патни и дневни трошоци за службени патувања во земјата и странство исто како на државаната односно општинската администрација. Секоја друга работа за организирање на работата на Советот во целина или учеството во Комисиите што ги формира Советот – се дополнителни средства, и тие определени со одлука, потсетува ТВ „Тера“.