Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

„360 степени“: Уапсени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани
Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, објави „360 степени“ повикувајќи се на извор во истрагата.
Препорачано
Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на „Вреди“, пишува порталот.
Според информациите на „360 степени“, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија од ДУИ, кој во моментов е амбасадор во Норвешка, се наведува во информацијата.
Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Со претходното апсење на Крешник Бектеши и други поранешни функционери, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
9мин
-
12мин
-
27мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5