фото: facebook.com/kfaresimi

2МФЛ: Голема борба за влез во елитата, победи на Македонија ЃП, Башкими, Арсими и Брегалница

Се одиграа осум натпревари од 25 коло во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ) во кои само една екипа успеа да слави на гостински терен.

Единствената која триумфираше на гости беше Брегалница која славеше над Борец со 1:0 со голот на Калпачки во 50 минута од натпреварот.

Само на дуелот помеѓу Охрид и Осогово немаше победник (2:2), а на сите останати мечеви победи славеа домаќините.

Фаворитите освоија важни бодови во трката за влез во Првата лига следната сезона, потсетување првопласираните две екипи одат во елитата, а третата ќе игра бараж.

2МФЛ

25 коло, резултати:

Арсими – Кожуф Гевгелија 1:0
Башкими – Вардарси 2:0
Беласица – Скопје 1:0
Борец – Брегалница Штип 0:1
Македонија ЃП – Детонит Плачковица 1:0
Новаци – Вардар Неготино 2:0
Охрид – Осогово 2:2
Победа – Саса 1:0

Табела: Македонија ЃП 56 бодови, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница Штип 51, Беласица 38…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот