фото: fcpelister.com.mk

2МФЛ: Четири меча без голови, Пелистер само до бод против Арсими, Детонит го надигра Осогово

Денеска во деветтото коло од Втората македонска фудбалска лига се одиграа осум натпревари, на четири од нив немаше голови.

Мируваа мрежите на мечевите Скопје – Беса 1976, Кожуф Гевгелија – Победа, Новаци – Охрид и Вардар Неготино – Тетекс.

Пелистер втор натпревар по ред доаѓа само до бод, овојпат на гостувањето кај Арсими (1:1). Христов донесе водство за битолската екипа, а домаќините израмнија преку Љума во второто полувреме.

Детонит Плачковица на Градскиот стадион во Радовиш убедливо со 3:0 славеше против ФК Осогово. Потоа, Башкими со 2:1 го надигра Караорман на гостински терен, Охрид со 3:1 го совлада Новаци, а најмногу голови имаше на натпреварот Каменица Саса – Беласица (2:4).

Втора фудбалска лига
9. коло, резултати –

Арсими – Пелистер 1:1
Детонит Плачковица – Осогово 3:0
Скопје – Беса 1976 0:0
Караорман – Башкими 1:2
Кожуф Гевгелија – Победа 0:0
Новаци – Охрид 1:3
Каменица Саса – Беласица 2:4
Вардар Неготино – Тетекс 0:0

Табела по девет кола во 2МФЛ: Беса 1976 22 бодови, Детонит Плачковица 19, Охрид 19, Пелистер 18, Кожуф Гевгелија 16, Башкими 16, Беласица 15, Тетекс 14, Победа 12, Арсими 10, Новаци 10, Скопје 9, Вардар Неготино 7, Осогово 7, Каменица Саса 6, Караорман 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот