Фото: илустрација

26 годишен гостиварец со нож се расекол по телото, а потоа ги повредил неговата мајка, сестра и малолетна внука

Денеска во 11 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука.

„Според првичните информации на полицијата пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот