
ФОТО | Мајкл Даглас изненади со својата изјава за роденденот на сопругата: Ја нарече сопругата Кетрин Зета Џонс сестра
Мајкл Даглас предизвика бура од реакции кај обожавателите откако јавно ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга Кетрин Зета-Џонс.
Познатиот холивудски пар Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, покрај глумата и бракот, ги поврзува уште една важна работа – двајцата се родени на 25 септември, но со 25 години разлика. Како и секоја година, на 25 септември, тие си честитаа еден на друг за родендените на социјалните мрежи.
Препорачано
Сепак, ентузијастичкиот трибјут на Даглас предизвика мешани реакции.
„На мојот роденден сестро – каква радост е да прославам уште една година со тебе!“, напиша Даглас на фотографијата од нив двајца како играат голф.
Michael Douglas shocks fans with ‘weird’ nickname for wife Catherine Zeta-Jones https://t.co/lGRSBa84nt pic.twitter.com/NsXf3BpI33
— Page Six (@PageSix) September 26, 2025
„Честитки за спектакуларната игра на Рајдер Купот на славните“, продолжи актерот, кој сега има 81 година, и додаде: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.
„Тоа е неговата сопруга, а не неговата сестра, што мисли под сестра на роденден?“ напиша еден од следбениците во делот за коментари. Друг обожавател пак праша: „Дали штотуку ја нарече твојата сопруга твоја сестра?? Или само помислив?“
Што се однесува до Зета Џонс и нејзината почит кон нејзиниот сопруг, актерката, која сега има 56 години, напиша: „Среќен роденден! Споделувањето на овој посебен ден со тебе е еднаш во животот!“
22-годишната ќерка на двојката, Керис, исто така сподели слатка порака за своите родители.
„25 септември. Среќен роденден мамо и тато!!“ напиша таа, споделувајќи фотографија од ѕвездата на „Основен инстинкт“ каде двајцата се држат за раце.
View this post on Instagram
„Вашата љубов кон животот, љубовта, учењето, уметноста … нема зборови со кои би се опишала мојата благодарност и восхит“.
Патем, Даглас и Зета-Џонс се во брак од ноември 2000 година, а освен Керис, имаат и 25-годишен син, Дилан.
Даглас има и 46-годишен син, Камерон, од бракот со поранешната сопруга, Диандра Лукер.
Минатиот месец, Зета-Џонс отворено проговори за тоа како двајцата делат ист роденден и колку се слични во интервју за „Сандеј Тајмс“.
„Ние го почитуваме нашиот простор, ние сме независни духови“, рече таа. „Многу сме слични, родени сме на ист ден, со разлика од 25 години“.
„Не се плашиме да разговараме, да се изразиме“, продолжи таа. „Јас сум од типот на „што м и е на ум тоа го кажувам и тој го прави тоа, што е добро“.