Фото: МИА

14-годишно момче сериски крадело од куќи и имоти во Куманово

Полицијата поднесе кривична пријава против 14-годишен сериски крадец од Куманово, кој „оперирал“ во куќи и на имоти во градот, соопшти полицијата.

„Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 14-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во неколку приватни имоти во Куманово и одзел пари и предмети“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот