Ентони Хопкинс во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Истражувањето открива дека една мала промена кај жените може да открие дали се психопати или не.

Новото истражување открива дека и најмала промена во однесувањето може да открие дали жените се психопати или не. Говорот на телото е клучен фактор што вешто го користат детективите низ светот, особено кога станува збор за психолошки нарушувања како психопатијата.

– Невербалната комуникација, особено динамиката на главата, е важен, но недоволно истражен аспект којшто може да ја подобри нашата способност да препознаеме одредени форми на психопатологијата, вклучително и психопатијата – нагласуваат авторите на студијата „Саенсдирект“ (Sciencedirect) од Универзитетот во Ново Мексико.

Користејќи автоматизиран алгоритам за детекција, истражувачкиот тим открил дека жените кои ја држат главата мирна или со минимално движење додека разговараат често покажуваат високо ниво на психопатски карактеристики.

– Во нашето истражување користевме автоматизирана техника за анализа на положбата и динамиката на главата во контекст на психопатските особини, следејќи ги примерите на жени кои биле притворени во затвори – објаснуваат научниците.

За подобро да го разберат нивното однесување, аналитичарите ги процениле невербалните склоности на 213 затворенички, кои биле сместени во поправни установи со среден и најголем степен на безбедност во САД, на возраст од 21 до 57 години, пренесува „Њујорк пост“.

Психопатските карактеристики се:

– недостаток на каење
– импулсивност
– неодговорност
– манипулативност
– патолошки лажење
– бесрамност

Истражувачите анализирале видеоснимки од интервјуа со секоја учесничка во студијата.

Положбите на главата во секоја снимка биле класифицирани во една од трите идентификувани категории на движења: минимално, умерено и екстремно движење. Според резултатите, помалку движења на главата често биле поврзани со поизразени психопатски карактеристики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот