Османи во посета на Генералниот конзулат во Њу Џерси

Османи во посета на Генералниот конзулат во Њу Џерси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на престојот во Соединетите Американски Држави го посетил Генералниот конзулат во Њу Џерси.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Османи укажал дека давањето ефикасни услуги за нашите државјани низ светот е приоритет број еден.

– Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат – рекол Османи.

Во соопштението се наведува дека покрај другите конзуларни услуги, Конзулатот врши и издавање на нови патни исправи, при што во последно време се врши фотографирање на над 35 наши државјани дневно, за што Конзулатот работи во две смени и за време на викенд.

„Според извештајот на Конзулатот, бројот на барања за конзуларни услуги оваа година е значително поголем од лани. Од почетокот на 2024 година, до 22-ри февруари Конзулатот има издадено 49 полномоштва, 56 патни листови, 1 спроводница, 273 патни исправи и веќе има потврдено 1282 термини за сликање за нови патни исправи. Додека во текот на 2023 година, имаше вкупно 434 барања за патни исправи, 136 патни листови, 4 полномоштва и 18 спроводници“, се наведува во соопштението.

Минатата недела, како што информира МНР, Османи остварил посети и на дипломатско-конзуларните претставништва во Бон, Минхен, Берн, Венеција, Виена и Брисел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот