
116 лица биле итно хоспитализирани откако пливале на популарната плажа
Бројот на луѓе кои побарале медицинска помош во португалскиот регион Леирија поради симптоми поврзани со загадување на водата на плажата Назаре, се зголеми на 116, соопшти клиничко-болничкиот центар на регионот Леирија.
Препорачано
До вчера, до 14 часот, 72 деца и млади луѓе, како и 44 возрасни, биле примени во болницата на лекување, а од вкупниот број пациенти, 70 биле жени и 46 мажи, прецизирано е во соопштението.
„Повеќето случаи, 62 отсто, се однесуваат на деца и адолесценти“, се наведува во соопштението на локалната болница, пренесува Радио-телевизија на Португалија.
Плажата Назаре била привремено затворена во петокот откако техничкиот дефект кој предизвикал испуштање на отпадните води и појавата на непријатен мирис.
Забраната за пливање била укината во саботата навечер, по резултатите од тестот за квалитет на морската вода.
Општината Назаре соопштила дека, по инспекцијата спроведена во саботата попладне, е утврдено дека морската вода е „бистра и проѕирна, без присуство на видливи органски материи“.
Како што е наведено во соопштението на општината, локалните здравствени службеници заклучиле дека, врз основа на резултатите од анализите на водата и намалувањето на бројот на пациенти со гастроинтестинални симптоми, повеќе нема причина за забрана на капење.
Клиничко-болничкиот центар на регионот Леирија претходно прецизирал дека симптомите на пациентите главно се однесуваат на повраќање, гадење и дијареја (пролив).