Фото: Принтскрин / ТикТок

ВИДЕО | „10 септември – судниот ден“: Ги извадила тапетите во новиот дом и открила морничава порака

Англиска комичарка позната под името Логобанг, на почетокот од годинава се вселила во нов дом. Откако почнала да го реновира таа дошла до морничаво откритие. За ова сними и видео кое го сподели на својот „ТикТок“ профил. Имено Логобенг кога почнала да ги вади слоевите стари тапети од ѕидовите, открила морничава порака.

@loubobang##fup ##fyp ##foryoupage ##tiktok ##comedian ##loubobang ##georgianhouserenovation ##realwork♬ The X Files Theme – John Beal

Денес по првпат се чувствувам малку нервозно и тоа затоа што ги вадев овие тапети. Отстранив пет слоеви пред да дојдам до ѕидот. Додека го стругав, открив дека некој пишувал по ѕидот и се запрашав што пишува. Набрзо открив напис „10 септември – судниот ден“ – раскажува таа во видеото.

Иако за многумина тоа би била едноставна чкртаница, сопственичката била вознемирена од фактот дека на 10 септември е нејзиниот роденден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот