Тодор Гечевски - поранечен Кошаркар - Фото Слобофрн печат / Методи Здравев
Тодор Гечевски - поранечен Кошаркар - Фото Слобофрн печат / Методи Здравев

🎙️СПорткаст EП13 | Гечевски: За мене Кавадарци е најубавиот град на светот

Вечерва се емитува тринаесеттата епизода на СПорткаст на „Слободен печат“.

Гостин во тринаесеттото издание на СПорткаст е Тодор Гечевски, поранешен кошаркарски репрезентативец и творач на еден од најголемите репрезентативни успеси во тимските спортови – освојувањето на четвртото место на Евробаскетот во Литванија 2011 година. Со Гечевски, кој е роден кавадарчанец, разговаравме за неговото детство, првиот контакт со кошаркарската топка, за неговите први настапи во репрезентативниот дрес, за КК Тиквеш. Во разговорот кој траеше над час и половина, Гечевски зборуваше и за играчките денови во Работнички, за настапите во некогаш силниот Никол Ферт од Гостивар, за интернационалната кариера, животот во Италија, Германија и Грција како и за клубот каде ги прикажуваше најдобрите партии во неговата кариера, хрватски Задар. Неминовно беше а да не зборуваме и за Евробаскетот во Литванија каде Македонија го освои четвртото место.

Разговорот со Тодор Гечевски ќе можете да го проследите вечерва со почеток од 20 часот, на јутуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот