
Ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“ лута на телевизиските доктори: Мрзеливи сте и глупави!
Актерката Елен Помпео повеќе од десет години го толкува ликот на една од најпознатите докторки Мередит Греј, во серијата „Вовед во анатомија“. Меѓутоа, таа има проблем со сите кои „глумат“ доктори во емисиите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката на својот профил на Твитер го изрази својот гнев, поради, како што вели, лажните доктори кои имаат свои емисии, како доктор Фил и доктор Оз, како и затоа што тие, иако не се од докторскиот сектор, делат совети за коронавирусот.
Телевизиските лица како доктор Фил почнаа често да се појавуваат во емисии, во кои изнесуваа различни непроверени информации во врска со коронавирусот, иако не се епдемиолози, ниту пак имаат завршено медицина.
Доктор Фил е психолог, но не и доктор.
Also to those out of touch tv docs which I’m sure they would call me lol…you took an oath so so many years ago to do no harm… making careless statements in this environment when so many healthcare workers are suffering physically and emotionally….is defying that oath
— Ellen Pompeo (@EllenPompeo) April 18, 2020
На пример, доктор Оз, кој е доктор, но не епдемиолог, изјави во една прилика дека училиштата треба да се отворат, бидејќи со тоа смртноста се зголемува за само два проценти.
„Овие стари телевзиски доктори зборуваат различни себични ср*ња. Мрзеливи сте и глупави, седите во своите дневни соби или на терените за голф на кои живеете“, напиша Елен Помпео.