Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Зверев издоминира против Алкараз и го остави Шпанецот без полуфинале

Германецот Александар Зверев славеше победа од 2:0 (7:6, 6:4) во сетови над Карлос Алкараз и така го елиминираше Шпанецот од турнирот во Торино.

До победата Зверев дојде за два часа игра и така го запиша третиот триумф во својата група. Претходно германскиот ас беше подобар од Каспер Руд и Андреј Рубљов.

Алкараз го заврши настапот со една победи и два порази што секако не е резултат каков што очекуваше. Овој пораз значи и дека годината Алкараз ќе ја заврши как трет тенисер во светот зад Зверев и лидерот Синер.

Во вториот натпревар од денешната програма во Торино ќе се соочат Руд и Рубљов. Тој дуел на програмата е од 20:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот