Фото: pexels-tirachard-kumtanom

Зошто толку многу луѓе користат слушалки во својот дом?

Многу луѓе во Германија носат слушалки на ушите и додека гледаат интернет содржини во својот дом, покажа студијата „Екрани во движење“ (Screens in Motion 2025) од издавачот Бурда, јавува ДПА.

Имено, речиси една третина од испитаниците редовно користат слушалки додека се во движење гледајќи видео содржини, а уште 27 проценти го прават тоа повремено. Речиси исто толку користат слушалки во својот дом – 26 проценти редовно, а уште 30 проценти повремено.

Резултатот ги изненади дури и авторите на истражувањето, изјави за ДПА Марион Шперлих (Сперлих) од Бурда.

Шперлих го води проектот „Екрани во движење“ и секторот за истражување на пазарот и медиумски навики во издавачката куќа. Оваа година, како што рече, за првпат ја вклучиле темата за слушалките во истражувањето.

„Резултатот од истражувањето го поставува прашањето: зошто е тоа така? Една од причините може да биде подобриот квалитет на звукот на слушалките. Второто е дека луѓето не сакаат да ги вознемируваат цимерите кои можеби гледаат нешто друго, на друг уред. Речиси половина од испитаниците наведуваат дека, ако не можат да се договорат што да гледаат заедно со другите, секој гледа нешто за себе“, рече Шперлих.

Истражувањето за Бурда го спроведе ЈуГов на почетокот на март, со анкетирање на околу 2.000 луѓе од репрезентативен примерок од германското население над 14 години.

Други резултати покажуваат дека 68 проценти од германските граѓани гледаат класична телевизија, со однапред дефинирана содржина, најмалку еднаш месечно. Ова е за четири проценти помалку од претходната година и значи дека една третина од населението денес никогаш не гледа класична телевизија.

Уделот на луѓе кои повремено гледаат „стара“ телевизија се намали за 19 проценти од 2019 до 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!