
Зошто САД повлекуваат дипломатски персонал од повеќе земји на Блискиот Исток?
Американскиот Стејт департмент и Министерството за одбрана на САД вчера презедоа чекори за повлекување на дел од дипломатскиот персонало од повеќе локации на Блискиот Исток, соопштија американски претставници и извори запознаени со ситуацијата.
Препорачано
Не е јасно што точно ја предизвикало оваа ненадејна промена, но официјален претставник на одбраната изјавил дека Централната команда на САД ги следи „тензиите на Блискиот Исток“, пишува Си-ен-ен.
„Тие се преместуваат бидејќи би можело да стане опасно место и ќе видиме што ќе се случи. Но, или веќе се преместени, или им дадовме известување да се преселат и ќе видиме што ќе се случи“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.
Иако причините за зголемената загриженост за безбедноста во регионот не се сосема јасни, планираните заминувања доаѓаат во време кога тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа, додека администрацијата на Трамп продолжува да се обидува да постигне нов нуклеарен договор со Иран.
Минатиот месец, Си-Ен-Ен објави дека САД добиле нови разузнавачки информации што укажуваат дека Израел подготвува напад врз нуклеарните постројки на Иран.
Два разузнавачки извори изјавија дека САД забележале знаци на израелско воено засилување, вклучително и преместување на авионско оружје и завршување на воздушните вежби.
Сепак, официјалните лица предупредија дека не е јасно дали израелските лидери донеле конечна одлука и дека постојат длабоки несогласувања во рамките на американската влада околу тоа колку е веројатно Израел всушност да преземе акција.
Иранскиот министер за одбрана во средата предупреди дека ако нуклеарните разговори со САД не успеат и избувне конфликт, САД ќе бидат „приморани да го напуштат регионот“.