Ајлин Гу/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

ЗОИ Пекинг: Второ злато за кинеската миленичка Ајлин Гу

Една од најголемите ѕвезди на Зимските олимписки во Пекинг, Ајлин Гу дојде до вториот златен медал во скијање во слободен стил.

По триумфот во дисциплината „Биг Ер“, новата миленичка на Кинезите, сега победи во дисциплината „Халфпајп“ со освоени 95.25 поени.

Девојката која е родена во Сан Франциско, но одлучи на ЗОИ во Пекинг да настапува за за Кина, Игрите ги заврши со три освоени медали. Покрај двете злата, Ајлин Гу освои сребрен медал во „Слоупстајл“.

Сребрениот медал и припадна на Кејси Шарп од Канада која освои 90.75 поени, додека бронзениот медал го освои Ракел Каркер од Канада со освоени 87.75 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот